Деветгодишнина од формирањето на Ркометниот клуб Енхалон од Струга 

Името Енхалон на латински значи јагула. Тоа е старото име на Струга. Клубот го добива истото име. Целта на клубот е да се афирмира ракометот и спортот во градот Струга и Република Македонија. Формиран е на 21 Мај 2011 година во Струга, кога беше и регистиран со што започнува и да работи. Целта на клубот се младинските категории.

Има програма и статут преку кој работи клубот, тој е регистриран во Централниот регистар на Република Македонија. Клубот е регистриран и во Македонската ракометна федерација и Агенцијата за млади и спорт, каде е што е донесено решение за обавување на спортска дејност.

Процес на обука: Во процесот на обука, предност се дава на соодветно дозиран тренажен процес во однос на возраста, соодветна селекција, соодветна периодизација и специјализација. Најголемо внимание во процесот на обука е посветено на моторни вештини, координација, сила, издржливост, агилност, брзина и.т.н

Ркометниот клуб Енхалон е организатор и на ракометниот турнир Енхалон Куп кој настојва  да стане традиционален и меѓународен каде што учество ќе земат повеќе македонски екипи целта на младинскиот куп е да се направи селекција на млади ракометари од Македонија кои ќе бидат важен дел од националните селекции.

Advertisement