
Американскиот претседател Џо Бајден не може да се дозволи меѓу сојузничките од НАТО, една земја членка да „и се сили“ и да малтретира друга земја членка затоа што е поголема или како што е во случајот со Бугарија и Македонија, затоа што е членка на ЕУ, смета американскиот универзитетски професор и експерт за Балканот, Едвард Џозеф.
Тоа е веќе и проблем на НАТО. Тоа не можеме да го дозволиме. Ова е сојуз, НАТО е сојуз, не може САД да толерира агресија кон идентитетот, искористување на силата, на овој начин. Ова е сериозно, не е мало прашање. Идентитетот на луѓето е поврзан со идентитетот на државата, со напредокот на државата, со внатрешната стабилност и добрите односи меѓу Македонците и Албанците, што е наш интерес. – вели Џозеф во интервју за ТВ Клан Македонија.
Според него, на тој начин со американската афирмација на македонскиот идентитет, нација и јазик, ќе се испрати порака до Софија: „Вие никогаш нема да победите, никогаш нема да го избришете македонскиот идентитет“.
Им даваат простор на историчарите во заедничката комисија да разговараат, врз експертска основа, а не врз основа на сила, од типот „ние сме посилни од вас, па не мораме да ги почитуваме одредбите од Договорот за пријателство, вие мора да ја слушате нашата верзија на историјата, со сила“. Тоа е против принципите на НАТО, на ЕУ и на САД – додава Џозеф.
Потребни се САД да се вклучат и да ја охрабрат Македонија дека Вашингтон го признава македонскиот идентитет и да и пратат сигнал на Бугарија дека „нема никогаш да ја постигне својата цел, никогаш нема да го избрише македонскиот идентитет“. Тоа е клучното – заклучува Џозеф во интервјуто.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden