Дик Адвокат нов селектор на репрезентацијата на Холандија

Холандската фудбалска федерација на прес конференцијата што ја одржа во градот Зеист соопшти дека на местото на досегашниот селектор Дени Билд кој на должност стапи во јули 2015 и поради поразот што го доживеа Холандија на квалификациониот натпревар со Бугарија за Светското првенство на ФИФА во 2018 ќе премине Дик Адвокат.

На прес конференцијата беше истакнато дека искусниот селектор кој има договор со Фенербахче до 31 мај 2017 година, кормилото на екипата ќе може да го напушти на 18 мај. По реванш натпреварот на полуфиналните квалификации за Купот на Турција Зираат Банкаси, во случај Фенербахче на претстојниот натпревар на 17 мај среда против Медипол Башакшехир биде елиминиран, тогаш селекторот Адвокат ќе може веднаш да започне со должноста селектор на Холандската фудбалска репрезентација.

 

Advertisement