За таа цел, во Државниот архив е формирана Комисија за селекција на документите и материјалите како и посебни архивски фондови, средени и обработени според архивските стандарди, достапни за научно-истражувачки цели согласно архивскиот материјал, соопшти денеска Архивот. Материјалот, појаснуваат, може да се доставува во оригинална форма директно до Државниот архив или до Агенцијата за иселеништво, по редовна пошта и дигитална форма. Пред доставување на истиот, двете институции треба да бидат известени за содржината на архивскиот материјал и да е направена првична селекција, класификација и попис. При дигитално доставување на материјалите, потребно е снимките да бидат изработени во tiff формат, и минимум 300 dpi резолуција.