Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Македонија се сретна со преставници на Македонско национално малциство во Србија

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Виктор Димовски на 18 и на 19 март 2019 година престојуваше во работна посета на Република Србија. Државниот секретар Димовски за време на посетата се сретна и со претставници на Македонското национално малциство во Република Србија, на средбата беше претседателот на Националниот совет на Македонско национално малциство во Република Србија, Борче Величковски, како и со претставниците на политичките партии – Демократска партија на Македонците, Македонска партија на Србија и Партија на македонците во Србија.

Advertisement