ЕФА повикува на почитување и признавање на македонското национално малцинство во Бугарија

ЕФА ја повикува бугарската влада да обезбеди почитување и признавање на македонското малцинство во земјата и да спречи секаков обид за повреда или ограничување на слободата на здружување, како што е најавената дерегистрација на малцинска организација за човекови права.

Пред неколку дена, бугарското обвинителство побара од Регионалниот суд во Благоевград да го прекине регистрацијата на организација формирана од етнички Македонци за заштита на основните права и слободи на малцинството. Организацијата беше регистрирана од страна на Агенцијата за регистрација, под Министерството за правда, претходно оваа година под името „Граѓанска асоцијација за заштита на основните индивидуални права“.

Партијата член на ЕФА, Омо “Илиден”-Пирин, која го претставува македонското малцинство во Бугарија, го крева гласот за континуирано наводните прекршувања на основните права и случаи на говор на омраза и заплашувања против македонската заедница што мора да се реши.

Должност на Европската комисија е да обезбеди почитување на правата на малцинствата во Бугарија и на други места во ЕУ, бидејќи е гарант на Европската повелба за основни права, – се вели во известувањето на Алијансата на партиите на малцинствата во Европа (ЕФА).