Египет го отвори најголемиот воен комплекс во светот (ВИДЕО)

Египет го инаугурираше новото седиште на своите вооружени сили, кој се смета за најголемиот во светот, во присуство на претседателот Абдел Фатах ал-Сиси, во ретко јавно појавување во воена униформа откако стана претседател.

Октагонот, како што се нарекува комплексот, се состои од осум згради, секоја со осумаголен распоред и зафаќа површина од околу 90 квадратни километри, колку што е големината на португалската метропола Лисабон.

Комплексот далеку го надминува Пентагон, седиштето на Министерството за војна (одбрана) на САД, како најголема зграда на Министерството за одбрана во светот.

Ал-Сиси, кој се појави јавно облечен во воена униформа првпат по повеќе од една деценија, го опиша комплексот на отворањето како „доказ за волјата на една нација која знае дека ништо не е невозможно“.

Египетскиот челник беше придружуван од борбени хеликоптери на патот кон отворањето на масивниот комплекс.

Комплексот се наоѓа источно од Каиро, во новиот административен главен град во пустината. Проценетите трошоци за изградба беа 50 милијарди евра, што го прави еден од најскапите проекти откако Ал-Сиси ја презеде власта.

Ал-Сиси ја презеде власта во северноафриканската земја во 2013 година со воен удар со кој го собори радикалното исламско движење Муслиманско братство кое исто така дојде на власт со преврат поддржан од Западот.

Со години, Египет ги чувствуваше последиците од војните во соседните Газа и Судан, како и од тековниот конфликт во Либија. Безбедносната состојба во Египет е прилично стабилна по немирите предизвикани од револуцијата во 2011 година.