Екслузивно: Се отвори македонски Културно – информативен центар во срцето на Истанбул

Во Истанбул, Турција денес е отворен Културниот центар на Македонија, на свеченото отворање присуствуваа, министерот за култура на Македонија, Хусни Исмаили, Звонко Муцунски, амбасадор на Македонија во Анкара, Актан Аго, генерален конзул на  Македонија во Истанбул, Хајдар Али Јилдиз, градоначалникот на Бејоглу и Серхат Кула, директорот на институтот „Јунус Емре“ во Скопје.

„Согласно договорот, македонската страна го доби правото на користење еден кат од станбената зграда Сејран, во областа Бејоглу, во срцето на Истамбул.

Културен центар во Истамбул, годинава ќе располага со буџет од 770 000 денари, со кој ќе бидат реализирани 6 изложби на домашни уметници, а ќе бидат претставени и млади македонски писатели. Реципрочниот карактер на договорот меѓу македонската и турската страна вклучува и отворање на турски Културно- информативен центар во Скопје, кој како што велат од ресорот Култура, ќе биде сместен во Куршумли ан. Република Турција , има обврска својот центар да го конзервира и реставрира, за што УЗКН веќе има дадено одобрение.

Постапките за отворање наши културни центри во странство, се регулирани согласно Законот за надворешни работи, а по отворањето, финансирањето го превзема Министерството за култура.

Advertisement