ЕМА ја одобри вакцината на Новавакс против Ковид-19

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри вакцината против Ковид-19 од американската компанија Новавакс, која користи поконвенционална технологија и за која биотехнолошката компанија се надева дека ќе ги намали колебањата во однос на вакцините. ЕМА препорача издавање на условно овластување за пуштање на пазарот на вакцината на Новавакс, Нуваксовид, за заштита од Ковид-19 кај лица над 18-годишна возраст, соопшти Европската агенција за лекови. Ова е петта вакцина препорачана за употреба во Европската унија.

Advertisement