Ердоган прогласи победа, приврзаниците слават по улиците на Истанбул

Денеска во Турција се одржа вториот круг од претседателските избори, а борбата се водеше меѓу актуелниот и долгогодишен претседател на државата Реџеп Тајип Ердоган, кандидатот на Народната алијанса и кандидатот на опозициски Национален сојуз, Кемал Киличдароглу. Според резултатите што ги објави државната новинска агенција Анадолу – Ердоган останува претседател на Турција.

Според резултатите на Анадолија, врз основа на нешто повеќе од 98 отсто преброени избирачки места, Ердоган добил 52,10 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат Кемал Киличдароглу 47,90 отсто.

Ердоган веќе излезе во јавноста и прогласи победа.

„Го завршивме вториот круг од претседателските избори со наклонетост на нашата нација“, рече тој.

Како што информираа од „N1“ од Истанбул, голем број приврзаници на Ердоган излегле на улиците да ја прослават победата уште пред објавувањето на официјалните резултати.

Advertisement