Етлева Будини од Драч снаа во Голо Брдо нова пратеничка на албанскиот парламент

Со 14 мандати во новото Собрание, округот Драч носи разновидна застапеност, со забележителни нови личности кои за првпат ќе седнат во Парламентот.

Една од нив е Етлева Будини, сопруга на Боге Будини од село Клење, областа Голо Брдо која го обезбеди осмиот мандат на Социјалистичката партија во округот Драч.

„Избрав да правам лична кампања, да се среќавам со луѓе на улица, во бизниси, во крфици,  слушнав многу проблеми и грижи што ќе ги носам во Собранието. Ќе бидам ангажирана секој ден“, вели Етлева Будини.

По професија економист и со искуство во менаџментот, Будини вели дека столб на нејзината програма ќе бидат девојките и жените, како и лицата со посебни потреби.

„Добив срдечни гласови, главно од жени и девојки. Ќе бидам нивен поддржувач, но и силен глас за лицата со попреченост, за да се чувствуваат еднакви во образованието и вработувањето“, додава Будини.