Еуроњуз Албанија репортажата посветен на селото Шиштеец во областа Гора (ВИДЕО)

Еуроњуз Албанија, преку репортажата на новинарката Алис Тејлор, објави прилог посветен на селото Шиштеец во областа Гора, ставајќи посебен акцент на познатиот шиштавечки компир, кој претставува препознатлив земјоделски бренд на овој крај, пренесува македонски весник “Илинден”.

Во репортажата се истакнуваат природните потенцијали на регионот, но и сериозните предизвици со кои се соочува локалното население. Посебно е нагласена миграцијата на жителите, предизвикана од недостатокот на основна инфраструктура, слабиот економски развој и ограничените можности за младите.

Еуроњуз укажува и на потребата од поголеми инвестиции од страна на албанската влада во областа Гора, со цел подобрување на условите за живот и задржување на населението. Областа Гора е населена со девет села со македонско население, кое со векови го чува својот јазик, култура и традиции.

Гора се наоѓа во североисточниот дел на Албанија и се граничи со Косово и Македонија, што ѝ дава дополнително стратешко и културно значење. Репортажата на Еуроњуз Албанија претставува важен чекор кон поголема видливост на проблемите и потенцијалите на овој запоставен, но значаен регион.