Оваа година гласачкото ливче на Партијата за еднаквост, мир и пријателство политичка партија на турското малцинство во Тракија, Грција oваа година член на македонското национално малцинство учествува на гласачкото ливче! Сите Македонци кои сакаат да ја дават поддршката за македонскиот јазик и национален идентитет, гласајте за број 26 за Евгенија Нацулиду.
Нема да можеме да избираме европратеник, поради изборниот закон на сила, ама може да се преброиме за некои да не кажат дека не постоиме. Го гласаме Партијата за еднаквост, мир и пријателство на претстојните европски избори. Обединетите малцинства во Грција ќе имаат посилен глас отколку одделно, за да ги почитуваат нивните права.
Евгенија Нацулиду, e преставник на организација „Крсте Мисирков (Движење за промоција на македонскиот мајчин јазик)“ на македонското малцинство во Грција.
Нашиот глас за Партијата за еднаквост, мир и пријателство нема да биде изгубен глас за Македонците. Сепак немаме што да изгубиме! Можеме само да победиме.
Advertisement