Евроазиската економска унија започна да формира заеднички пазар за гас и нафтени деривати

Земјите-членки го одобрија концептот за создавање на заеднички финансиски пазар на Евроазиската економска унија, а во тек се подготовки за создавање на заеднички пазар на електрична енергија. Почнавме програма за формирање на заеднички пазари за гас, нафта и нафтени деривати“, кажа Владимир Путин на состанокот за интегративните процеси во ЕАЕУ.

Според извештаите, одобрен е План за акција за усогласување на законите на земјите од Унијата во нафтениот сектор од страна на лидерите уште во декември.  Исто така, донесена е одлука да се преселат во втората фаза на формирање на заеднички пазар на гас, создавање инфраструктура, технолошка и правна рамка на пазарот.

Единствен пазар на гас, нафта,  како и  електрична енергија, значи униформни правила, тарифи и цени за сите земји во Унијата, а тоа не се однесува само на извозот, туку и на состојбата во рамките на ЕАЕУ. Единствениот пазар ќе и’ овозможи на Русија да ги избегнува или подобрува своите позиции во „енергетски конфликти“.

Идејата која веќе се реализира вклучува создавање на интегрирано електронско тргување, каде што Русија и другите членки на ЕАЕУ ќе можат да го утврдат својот пазар, наметнувајќи ги своите услови за снабдување на потрошувачите, преку обезбеден транспорт и складирање на енергенси во границите на заедничкиот економски простор. Овој регионален пазар очекуваат лесно да се интегрира во глобалниот.

На средбата, Претседателот на Русија изјави дека во повеќето економски сектори заедничките пазари се веќе формирани и успешно работат, додека во други области се решаваат практични прашања и се бараат оптимални модели. Тој го наведе создавањето единствен пазар за производство и трговија со лекови и медицински помагала како пример за успешно наоѓање компромис меѓу земјите-членки на ЕАЕУ.

„Од 1 јануари годинава, регистрацијата на сите лекови во земјите на ЕАЕУ се врши во согласност со униформни правила и процедури. Ова е исклучително важно сега, кога нашите земји се соочуваат со заеднички предизвик – епидемијата на коронавирус. „И ние мора ефикасно да ги координираме напорите за заштита на животот и здравјето на нашите граѓани“, заклучи Путин.

Advertisement