Филм посветен на солунските браќа “Св. Кирил и Методиј – Словенски Апостоли” снимен од чешка продукција (ВИДЕО)

Филм посветен на солунските браќа “Св. Кирил и Методиј – Словенски Апостоли” историска драма за великите словенски просветители и рамноапостоли “Свети Кирил и Методиј”. Филмот става акцент на главниот ривал на светите Константин и Методиј, свештеникот предавник Еибен, кој дискретно повлекува конци, дејствувајќи како двоен агент и средновековен лобист. Сржта на пораката на филмот е дека Европа и европските држави нема да се спасат со економската моќ ниту со своето наследство, туку можат да опстанат само ако негуваат исти морални и духовни вредности. Филмот ја обработува и епската битка на Велиград. Номиниран за највисока филмска награда Чешки лав, Фебио- Словачка, фестивали во Русија и др. Режисер: Петр Николаев Продуцент: Виктор Криштоф Камерман: Давид Плухар Сценарист: Мирослав Ошчатка Улоги: Методиј – Роман Зацх Кирил – Ондрј Новак и други. Република Чешка, Чешка ТВ, Словачка ТВ и др поддржано од Вишеград фондот духовен покровител Печатница Пропоинт.

Advertisement