Фолксваген ќе затвори 5.000 работни места

Германскиот производител на автомобили Фолксваген планира да го намали бројот на работни места до 5.000, така што ќе понуди предвремено или делумно пензионирање на повозрасните работници, пишува весникот „Ханделсблат“.

Според весникот, трошоците од таквиот потег на Фолксваген би можеле да изнесуваат и до 500 милиони евра.

Портпарол на компанијата потврдил дека Фолксваген се согласил да понуди делумно пензионирање на сите работници родени во 1964 година и предвремена пензија за повозрасните работници.

Засега никој од германската компанија не бил достапен да ги коментира наводите на весникот, но тој пишува дека Фолксваген за таквиот план издвојува 500 милиони евра и на оние кои ќе се пензионираат ќе им надомести со зголемување на пензиите.

„Ханделсблат“ наведува дека компанијата со тој потег долгорочно ќе заштеди неколку милијарди евра.

Advertisement