„Форбс“: Македонија меѓу петте дестинации во 2021 кои мора да се видат

Еден од најреномираните светски магазини, магазинот „Форбс“ ја рангираше Македонија на листата на 5- те помалку познати нации кои заслужуваат да бидат „жаришта“ на туризмот за 2021 година. И главната фотографија на статијата е од Македонија, всушност панорама од Охрид, објави !ипортал“.

Некои земји – Франција, Италија и Холандија- се популарни дестинации со децении, но одредени други се сериозно потценети кога станува збор за туризмот, пишува магазинот. Тие помалку познатите имаат тенденција да бидат туристички бисери, а секоја е опремена со изобилство природна убавина, фасцинантна култура и богата историја што ќе го претвори секој посетител во доживотен обожавател.

Таква е Македонија, „историски регион кој е најпознат како родно место на Александар Велики“.

Главниот град Скопје е особено интересна дестинација благодарение на неговата голема концентрација на историски артефакти, кои се движат од Скопското кале од 6 век до скопскиот аквадукт. За вистинско идилично искуство, посетете ги западните текови на Македонија, каде што Охридското Езеро чека со нетрпение на патниците кои сакаат да го видат. Едно од најстарите езера во цела Европа, ова живописно водно тело е опремено со традиционална архитектура, живописни плажи и многу можности за пешачење и забележување на дивиот свет, се наведува во статијата.

Advertisement