Формирана Група на пријателство помеѓу МПЦ-ОА и ИВЗ за градење здраво општество

Денес во конгресната сала на хотелот „Александар Палас“ во Скопје по иницијатива и во организација на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни (КОВЗРГ), а со поддршка од Поглаварите на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) и на Исламската верска заедница, како и во соработка со теолошките факултети се одржа почетниот настан на кој за прв пат беше формирана „Група на пријателство“ помеѓу МПЦ-ОА и ИВЗ.

Денешниот настан го отвори Директорот на КОВЗРГ, г-дин Даријан Сотировски, кој ги поздрави присутните делегации од страна на двете верските заедници и истите ги запозна со иницијативата, целите и плановите на проектот. Директорот Сотировски во своето обраќање посочи дека проектот „Група на пријателство“ има за цел да ѝ овозможи на новата генерација свештеници и верски службеници, како и на научните теолошки работници низ неколку модули соодветен простор за навремено меѓусебно запознавање, разменување на искуства и ставови и поттикнување на заедничка грижа за јавното добро.

На настанот со зборови за охрабрување на учесниците во понатамошните модули се обратија присутните поглавари Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и Реисул Улема х. хфз. Шаќир, еф. Фетаи, како деканите на Православниот богословски факултет проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, а во име на деканот на Факултетот за исламски науки се обрати продеканот проф. д-р Муаз Агуши.

Во понатамошниот период формираната Групата за пријателство ќе одржи четири работни модули, каде низ тематски обмислени содржини ќе се стреми низ меѓусебно запознавање и соработка на младата генерација на теолози да продуцира долгорочни и квалитетни меѓучовечки релации.

Advertisement