Французинката Одри Азулеј реизбрана за директорка на УНЕСКО

Поранешната генерална директорка на УНЕСКО Одри Азуле денеска беше реизбрана на таа функција по гласањето на претставниците на 193 земји-членки. Таа првпат беше назначена во 2017 година по жестока кампања и со мисија да го оживее ослабеното финансирање на работата на организацијата, откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп го обвини УНЕСКО дека е антиизраелски и одлучи да ја повлече Америка од организацијата, пренесува Ројтерс.

УНЕСКО е основан веднаш по Втората светска војна со идеја за заштита на заедничкото културно наследство на човештвото и е познат по означување и заштита на важни археолошки и природни локалитети, од островите Галапагос до гробниците во Тимбукту. Поголемиот дел од активностите на УНЕСКО не беа придружени со контроверзии, но резолуцијата за тоа како да се заштитат верските објекти во Ерусалим беше чувствително прашање што ги натера САД да се повлечат од организацијата, обвинувајќи ја за антиизраелска кампања.

Во моментот на напуштање на УНЕСКО, Вашингтон должеше 542 милиони долари за членарина. Сепак, Вашингтон во моментов презема претпазливи чекори кон повторно приклучување кон УНЕСКО, потврдија добро информирани дипломатски и конгресни извори за новинар на Ројтерс. Американскиот закон, инаку, забранува финансирање на кое било тело на ОН што ја прифатило Палестина како полноправна членка.

Advertisement