Германски медиум со написи за непризнатото Македонско малцинство во Грција

Во воведот на текстот на ДФЛ се споменува репортажата на Би-Би-Си, како и дека истата предизвика бурни реакции во Атина. Написот се базира на интервјуто со новинарот Тасос Костопулос кој со децении работел во грчкиот регион на Македонија и со населението кое таму зборува македонски јазик. 54-годишниот правник и историчар напишал неколку книги, како и неговата докторска дисертација на оваа тема. Факт е дека во овој регион има луѓе кои зборуваат македонски јазик“, стои во најновата репортажа која предизвикува главоболки кај јужниот сосед.

„Има повеќе различни ставови и себедефинирања во врска со ова. Некои се сметаат за чисти Грци, други велат дека имаат различни културни квалитети, но не припаѓаат на друг народ. Во секој случај, не се сметаат за малцинство, бидејќи мислат дека тоа само ќе им наштети, дека ќе се исклучени од општеството“, вели Костопулос.

„Има помал дел кои се дефинираат како малцинство, а политички се претставени од партијата Виножито, која претежно влијае во регионот на Лерин. Овие луѓе станале дел од Грција во 1913 година. После првата светска војна, имаше размена на население меѓу Грција и Бугарија. Илјадници Македонци ја напуштија земјата. Во тоа време Бугарија се уште беше сметана за главната закана од северот, непријателот кој се уште ја сметаше ново-освоената територија, Македонија, како своја“, вели тој.

Оние кои останаа во Грција развија нов идентитет низ годините, славо-македонскиот, исто така со помош на грчката држава која сакаше да ја задуши заканата од Бугарија. Во минатото уште една соседна земја, денешната Република Македонија, често зборуваше за Македонците како за свое малцинство. Сепак, со Преспанскиот договор се обврза да се воздржи од билошто кое ќе се сфати како територијална претензија кон Грција, се вели во текстот на ДФЛ.

Пред 10-тина дена грчката јавност и дипломатија се вознемирија од репортажа на Би-Би-Си за непризнатото македонско национално малцинство во Грција, историјата на иселувањата на Македонците, забраните за говорење на македонски јазик и другите методи на репресија кон македонците кои живеат во тој дел на Грција.