Гертруда: Учеството на македонската горанска заедница е клучно за мултиетничко Косово

По повод Денот на македонската горанска заедница во Република Косово, раководителот на политичкиот оддел на Европска Унија во Косово, Богуслав Гертруда, беше во посета на Општина Драгаш, каде што се сретна со претставникот на Партијата „Единствена горанска партија“, Адем Хоџа. Притоа, тој го истакна и го оцени придонесот на заедницата во косовското општество и нејзиното активно учество во локалната самоуправа.

Гертруда нагласи дека учеството во јавниот живот останува од суштинско значење за заштитата и унапредувањето на правата на заедниците, како и за зачувувањето на мултиетничкиот карактер на Косово.