На 01 јуни 2025 со почеток во село Клење областа Голо Брдо ќе се одржи годишната средба кој сега стана традиција во прекрасно село Клење областа Голо Брдо
Клења е прекрасно и фасцинантно место. Има широк спектар на историски, културни и природни добра, добро познато безбедно село, локалните жители се гостопримливи и многу пријателски расположени.
На 01.06.2025 година организациската група како и секоја година го организира годишната средба на ливадите на „Селишта“.
Клења се одликува со природните ресурси и многубројните културни добра, кои нудат големи можности за развој на селото, веќе познато по одгледувањето компир и прекрасниот спорт скијање.
Gодишната средба ќе се разбуди под звуците на народната музика и гласовите на жителите на ова село.
Гостопримливите жители на селото ќе ги пречекаат оние кои со години се далеку од него, оние кои најмногу копнеат по својата татковина и пријателите.
Програмата ќе биде збогатена со македонски песни и ора и вкусно македонско селско мени.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
