Големи поплави во Њујорк поради невремето (ВИДЕО)

Помеѓу пет и 10 сантиметри вода паднале со силни грмотевици над градот и околните области, соопшти Националната метеоролошка служба (НВС), „предизвикувајќи големи поплавувања на одредени места“. Патниците во метрото објавија на Твитер видеа од поплавените платформи на 157-та станица северно од Менхетен. Снимките покажуваат дека патниците се едвај се движат длабоко во водата и минуваат низ темниот базен за да стигнат до платформата на станицата.

„Линиите 1 и А се навистина погодени и остануваат силно поплавени“, рече Сара Фајнберг, директор на МТА, администрација за јавен превоз во Њујорк, на брифинг со новинарите. Некои главни патишта, вклучително и оние во Бронкс, се привремено затворени и сообраќајот е отежнат. Њујоршката полиција на Твитер објави снимка од автомобили заробени во водата.

NWS предупреди на можни поплавувања, со очекувано пристигнување на обилни дождови од невремето Елза. И покрај работата за заштита на градот од поплави од ураганот Сенди во 2012 година – во кој загинаа 44 лица, а економскиот главен град на САД беше парализиран со денови – поплавите остануваат опасни за Њујорк, со зачестените невремиња поради климатските промени.