Повеќето гробници во некрополата Асасиф датираат од доцниот период (664 – 332 п.н.е.) од антички Египет. Како и да е, има и ковчези од раната 18-та династија (1550 – 1229 п.н.е.), на кои исто така припаѓале познати фараони како Хатшепсут, Аменхотеп III и Тутанкамон.

Министерот за антиквитети минатата недела објави дека археолозите откриле античка „индустриска област“ во западната долина на Луксор во која се сместени „објекти за складирање и чистење на опрема за погреб, со многу наоди од керамика од времето на  18-династија “. Министерството ќе објави повеќе детали за овој неверојатен наод на прес-конференција во сабота.