Горан Наумоски: Напред Италијанци ќе заврши ова и повторно ќе се забавуваме заедно

Италија е љубов. Италија е страст. Италија е уникатно и незаменливо место во светот. Празни се улиците, но земјата е жива како никогаш. Дури и во моменти на тешкотии, кои не се случиле претходно, Италија ја демонстрира својата величина и убавина. Се вика Горан, се потпишува Ер Мачедоне затоа што е Македонец, но како голем навивач на Лацио патувајќи низ чизмата, видел и доживеал многу во оваа богата земја со убавини. Живее фамилијарно во Конељано, градче со 35.000 жители на 30км до Тревизо во регионот Венето.

Италијанската страст за фудбал му е до толку влезена, што за раѓањето на едната ќерка вели вака: Кристина е родена во болницата кај што е роден Дел Пјеро на 7.1.2005 или 10 часа по завршувањето на легендарното дерби Лацио – Рома 3:1, кога стрелец беше Паоло Ди Канио 😊.

Од домашен карантин вели вака: Драга Италија, драги Италијанци

Искрено, сè уште не можам да верувам што се случува. На сите во Европа, но посебно на нас. Кога само ќе ми дојде помислата дека е празна една од најубавите, најфасцинантните и највозбудливите земји во светот, ми се притиска срцето. Следејќи го нашиот сакан Лацио насекаде повеќе од 20 години, имав можност многу добро да ја запознам оваа земја. Од главниот град Рим, поминувајќи низ Болоња, Парма, Верона, Удине, Тревизо, Трст, Ауронцо ди Кадоре, Римини…се до Милано и Торино, со многу други мали места и сè уште многу за откривање посебно на југ.

Италија е љубов. Италија е страст. Италија е уникатно и незаменливо место во светот. Историјата, културата, кујната, спортот, сè, но пред сè луѓето. Сигурно не сум прв што ќе го кажам ова, но ова е тоа што го чувствувам во срцето и кое сакам да го споделам со вас. Моите корења се македонски, но тоа што сум лацијал ми помогна најмногу да се чувствувам и Италијанец и како што се пее во песната, горд сум на тоа. Италија стана мој втор дом, тука запознав многу пријатели и доживеав неверојатни искуства на фантастични места.

Реков дека е тажно да ја гледам цела земја празна. Но погрешив. Празни се улиците, но земјата е жива како никогаш. Дури и во моменти на тешкотии, кои не се случиле никогаш претходно, Италија ја демонстрира својата величина и убавина. Во овие тешки моменти, мора да бидеме обединети, да ги почитуваме сите мерки на владата и да бидеме разумни за нашата безбедност, како и за нашите најблиски. Едвај чекам повторно да ги прегрнам сите мои пријатели лацијали од Италија и Европа. Напред Италија, напред Италијанци. Ќе заврши ова и потоа повторно ќе се забавуваме заедно./www.off.net.mk

Advertisement