
Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков оствари работна средба со градоначалникот на Општина Либражд од Република Албанија, Мариглен Диша на која беше разговарано за унапредување на меѓуопштинската соработка и заедничкиот настап во рамки на ИПА III Програмата за прекугранична соработка Република Македонија и Република Албанија 2021–2027.
На средбата посебен акцент беше ставен на подготовката на заедничка проектна апликација за претстојниот повик од програмата, со цел унапредување на капацитетите за противпожарна заштита и подобрување на подготвеноста и одговорот при пожари на отворен простор.
Воедно, двајцата градоначалници договорија возвратна посета на градоначалникот Пецаков на Либражд, при што ќе биде потпишан меморандум за соработка меѓу двете општини.
Од Општина Охрид истакнуваат дека со ваквите активности продолжуваат да се зајакнуваат партнерствата и да се отвораат нови можности за реализација на проекти од интерес на граѓаните.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden