Градоначалникот на Општина Прилеп, Јовчески на панел сесија во Тирана: „Реформи за поефикасна јавна администрација и подобри услуги за граѓаните“

Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески учествуваше на панел сесија на тема “Perspective of Local Government Reform and EU Integration”, како дел од конференцијата SYNERGY, во организација на Western Balkans Fund, а во соработка со Јапонската амбасада во Албанија и International Visegrad Fund. Настанот, кој се одржа во Тирана, беше фокусиран на реформите за унапредување на локалната самоуправа и подобрување на ефикасноста на јавната администрација.

Synergy among local governments in regional cooperation – 2025 Conference“ во Тирана – Заедничка визија за поинклузивна и европски усогласена локална самоуправа!

Денес имав особена чест да бидам дел од Synergy 2025 Conference, која се одржува во Тирана, каде што, заедно со многу други градоначалници од Балканот, дискутиравме за предизвиците и можностите во зајакнувањето на соработката меѓу локалните самоуправи во регионалната соработка. Оваа конференција претставува значајна платформа за размена на идеи, добри практики и стратегии за подобро локално владеење, преку што заедно градиме пофункционални, поотворени и поодговорни заедници.– истакна тој.

Во рамки на панел-дискусијата во која што учествував, нагласив дека вистинското партнерство меѓу општините и граѓанските организации се заснова на доверба, транспарентност и инклузивност. Граѓанските организации не се само коректор на локалните политики, туку и клучен партнер во создавањето и спроведувањето на решенија кои директно влијаат врз подобрувањето на животот на граѓаните.

Еден од најголемите предизвици е како да ги мотивираме граѓаните да се вклучат во процесите на носење одлуки. Решението лежи во отворена комуникација, дигитални платформи за партиципативно буџетирање и редовни консултации. Општина Прилеп останува посветена на креирање механизми за активно учество на граѓаните во сите процеси од јавен интерес.

Посебно внимание посветивме на регионалната и прекуграничната соработка, како неопходен чекор за евроинтеграцијата на нашите општини. Токму преку програми како Western Balkans Fund (WBF) и Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF), ние како локална самоуправа добиваме можност за размена на искуства, заеднички проекти и усогласување со европските стандарди.

Општина Прилеп веќе работи на прекугранични проекти и иницијативи кои ја зајакнуваат регионалната соработка и продолжуваме во таа насока.

Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески упати благодарност до Western Balkans Fund за поддршката и можностите што ги создава, како и до организаторите на Synergy 2025 Conference, за просторот за конструктивна дебата и визија за иднината.