
Градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски оствари средба со градоначалникот на Преспа, Панајотис Паскалидис и градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски. Средбата се одржа во Лемос, по повод Светскиот ден на животната средина, на која се разговараше за можностите за соработка во рамките на зачувувањето на биосферата и природните вредности на Преспанското Езеро. На средбата се разговараше и за можностите за соработка во рамки на прекугранични проекти.
Инаку, општина Преспа е општина и дел од околијата Лерин. Преспа општина во која се граничи со Општина Пустец и Општина Ресен седиштето на општината е во селото Лајмос. Површината на Општината е 504,19 квадратни километри, а врз основа на пописот од 2011 година брои 1.560 жители.
Во областа Преспа, сите од македонско етничко потекло и со православна христијанска вероисповед.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden