Градот Елванген во Германија по 52 пат го слави Денот на Свети Методиј

Денес во чест на Денот на Семакедонските и сесловенските просветители солунските браќа Свети Кирил и Методиј – Македонците, во малото германско гратче Елванген беше одбележан Свети Методиј.
Делегација на Македонската заедница во Германија ја продолжи традицијата на одбележувањето, со полагање свежо цвеќе на спомен плочата во замокот каде што Свети Методиј бил заточен во обидот да се спречи во неговата просветителска мисија меѓу источните народи.
Во македонската делегација беа претставници на Македонската православна црковна општина “Свети Кирил и Методиј“ од Штутгарт и Македонската православна црковна општина “Пресвета Богородица“ од Синделфинген-Боблинген. Свежи цвеќе положи и делегација на Македонскиот национален совет во Германија.
Саможртвата на нашите просветители Светите солунски браќа Кирил и Методиј – Македонците е инспирација за нашето постоење. Ние Македонците сме нивни достојни наследници, ќе продолжиме со традициите да го одржуваме споменот и поменот за нив и нивните ученици. Веруваме дека денес и Свети Методиј во царството небесно е благодарен за споменот и поменот за нив од нас Македонците, – изјавија Македонците од делегацијата на Македонската православна црковна општина “Свети Кирил и Методиј“ од Штутгарт, Македонската православна црковна општина “Пресвета Богородица“ од Синделфинген-Боблинген и Македонскиот национален совет во Германија
Advertisement