Во согласност со одлуките на Владите на Македонија и Косово повторно е отворен, привремено во летниот периот, граничниот премин Стрезимир- Рестелица на Македонско – Kосовската граница, преминиот ке биде отворен до 25 август.
Општина Драгаш и Општина Маврово –Ростуше има упатено и барање до централните институции во Македонија за редовна работа на овој граничен премин бидејки истиот ќе влијае позитивно во развојот на локалниот бизнис во двете општини а со тоа и во двете соседни држави. Инаку овој граничен премин за прв пат е отворен привремено пред четири години, и овозможува голема фрекфенција на населението од двете општини. Македонската влада веке има донесено одлука за изградба на патот од Маврово –Ростуше до границата со Косово.
Друштвата на Македонците од подрачјето на Гора по неколку години побара преминот да има постојан граничен режим, што значи отворен да биде 24 часа и да може да минува секој. Тие во барањето наведоа дека во отворањето на преминот од Гора гледаат надеж за економска соработка и нивен опстанок таму.
Преку овој премин, кој се наоѓа на планината Кораб, на тромеѓето меѓу Македонија – Албанија и Косово, можат да минуваат само жителите од пограниниот појас од 25 километри и тоа со посебни дозволи. Во областа Гора на Косово распослани се 18 села, населени со Македонци со муслиманска вероисповест.



Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
