Гробница стара 4.400 години откриена во Каиро

Египетските археолози во близина на Каиро пронајдоа гробница стара 4.400 години. Гробницата е на свештеник од петтата династија на древниот Египет. Во гробницата почива древен свештеник по име Вахти, а пронајдена е во Сахара во некропола јужно од Каиро, соопшти во саботата египетскиот министер за културно наследство, Калед ал-Анани.

Министерот додаде дека гробницата била исклучително добро сочувана и насликана. Ѕидовите на гробот се украсени со живописни сцени кои го прикажуваат сопственикот на гробницата и неговото семејство. Гробницата содржи 18 ниши со 24 големи обоени статуи исклесани во карпа.

Египет во последниве месеци објави низа археолошки откритија со надеж дека ќе го заживее својот нестабилен туристички сектор, еден од главните национални извори на приходи. уризмот е нарушен од немирите што започнаа со масовното востание од 2011. година против долгогодишниот диктатор Хосни Мубарак./www.makfax.com.mk

Advertisement