Ѓукановиќ нема намера да поднесе оставка

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, порача дека нема намера да поднесе оставка по обвинувањата на бизнисменот Душко Кнежевиќ оценувајќи дека Кнежевиќ е недостоен противник, лажго и измамник кого го искористиле оние што сакаат да ја променат власта во земјата, пренесе РТЦГ.

Ѓукановиќ смета дека аферата „Атлас“ има две цели – првата е избеганиот тајкун да се заштити од евидентни кривични одговорности.

„Се обиде да се заштити на разни адреси, па и кај мене, но му одговорив дека не можам да му помогнам“, рекол црногорскиот претседател.

Другата и важна цел, според него, е обидот да се стави аферата во функција на вознемирување на јавноста и предизвикување улични протести, односно смена на власта. Тој порача дека нема намера да поднесе оставка, како што истакна, не зошто е властољубив, туку дека се работи за континуитет на борбата за вредности.

Advertisement