Интервју за Макфакс: Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана

Македонците во Албанија и покрај сите ветувања што ги добиваа од досегашните влади во Тирана, не добија ништо од онаа што им беше ветено и од онаа што им следи со меѓународните Конвенции како малцинство во земјата . Оваа оценка ја изнесе во интервју за Макфакс политичкиот аналитичар и главниот уредник на македонскиот весник “Илинден”, кој излегува во Тирана Никола Ѓурѓај . Ѓурѓај кој е и преседател на Македонското друштво нагласува дека ниту премиерот Еди Рама не сторил ништо од онаа што го ветил за Македонците пред изборите.

Со последните промени во територијалната распределба на земјата беа укинати општините во Голо брдо и Гора, а Македонците и понатаму немаат право да учат на својот мајчин јазик во населените места каде што има значителен број на Македонци и покрај бројните барања што се доставени од македонското друштво Илинден, посебно во областа Голо Брдо. „Исто така не се признава постоењето на македонското мналцинство на целата територија на Албанија, но и други права кои им следат на македонците со конвенциите”, вели Ѓурѓај. Состојбата во која се наоѓаат Македонците во Албанија им е пренесена на сите меѓународни институции при што е искажано и незадоволство од положбата на Македонците во оваа земја .

На прашањето го гледа ли излезот од оваа состојба на Македионците во Албанија, Ѓурѓај за Макфакс вели дека „најдобро е на наредните парламантарни избори во Албанија кои ке се одржат на 18 јуни годинава , Македонската партија Македонска Алијанса за Европака Интеграција, да излезе самостојно, и да добие свои пратеници во наредниот состав на Собранието. „Има Македонци кои се и во други партии и се на фунции но сепак овој пат тие треба да си гласаат за својата партија”, изјави Ѓурѓај за Макфакс.

Advertisement