
„Учествуваме и на овој конгрес чиј домаќин е организацијата на Севернофризите, а ќе трае до недела. Инаку, ФУЕН годинава одбележува 75 години постоење и понатаму останува главен застапник за правата на малцинствата во Европа“, вели Ѓурѓај.

Тој додаде дека овој јубилеј нема да биде само настан на пресек на она што ФУЕН го постигнал за 75 години, туку и за она што треба да се постигне за да се „гарантира заштитата и промоцијата на малцинските јазици и култури во Европа“.
Македонското друштвото ”Илинден”-Тирана член е на ФУЕН е од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства. Во овој период редовно учествува на Конгреси и други активности, а по предлог на друштвото усвоена е и Резолуција за положбата на македонското малцинство во Република Албанија.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden