Илинден прогласен за ден на Македонско – Американско наслество во градот Вашингтон

На 2 август годинава, Мјуриел Боузер (Muriel Bowser) градоначалник на градот Вашингтон (Washington DC), по иницијатива на организацијата Обединета македонска дијаспора, донесе Прокламација со која го прогласи 2 август за Ден на Македонскo-Американското наследство.

Во прокламацијата од градоначалникот се вели: Имајќи предвид, дека Американците со Македонско потекло имаат богата традиција и искуство во уметноста, архитектурата, поезијата, музиката и танците,

Имајќи предвид, дека Американците со македонско потекло придонесуваат во бизнисот, правото, медицината, образованието, технологијата, владата, воената служба, спортот и културата,

Имајќи предвид, дека многумина Македонци се истакнати лидери и јавни службеници кои придонесуваат за богатството на разновидноста на нашата култура и претставуваат гордост со нивното богато наследство,

Имајќи предвид, дека денес Обединетата македонска дијаспора и Македонско-Американската заедница го слават Илинден, важен празник со којшто се одбележува храбриот, иако неуспешен обид за ослободување на Македонците и создавање на првата демократска република во југоисточна Европа, и

Имајќи предвид, дека Американците со Македонско потекло се придружуваат кон заложбите за мирно и разновидно општество во кое со секој поединец се постапува еднакво:

Јас, како градоначалник на Вашингтон, го прогласувам 2 август 2020, во Вашингтон, како “Ден на Македонско-Американското наследство“, – се вели на крајот од Прокламацијата.

Вашингтон е формиран 1790 година, од 1801 година под името Округ Колумбија како федерален округ на Соединетите Американски Држави, со територија која претходно ја држеле државите Мериленд и Вирџинија со површина од 259 км². Подоцна е именуван е по името на првиот американски претседател Џорџ Вашингтон. Вашингтон е седиште на сојузната американска влада и на неколку меѓународни организации, Вашингтон е важен светски политички центар. Сместен е на реката Потомак, граничи со Мериленд и Вирџинија, градот е еден од најпосетуваните градови во Соединетите Американски Држави, со повеќе од 20 милиони посетители годишно. Вашингтон е под директна управа на Американскиот конгрес.

Во 2019 година во градот живеат 706.000 жители, а во округот околу 6,2 милиони жители. Вашингтон е седиште на Американскиот Конгрес (законодавната власт), Претседателот (извршната власт) и Врховниот суд (судската власт).

Вашингтон е седиште на многу национални споменици и музеи, во градот се сместени 177 странски амбасади, како и седиштето на Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд, Организацијата на Американските Држави, Националното географско друштво, Меѓународната финансиска корпорација, Американскиот Црвен крст и многу други. Градот е управуван од градоначалник и совет од 13 члена.

Во Вашингтон живеат 38,5% белци (од кои 34,8% белци од европско потекло), 50,7% црнци или афро-американци, 9,1% латино-американци и 3,5 азијци. Во Вашингтон живее и Македонска заедница.

Advertisement