Илинденски честувања на Организацијата Обединети Македонци од Канада

По повод Денот на државноста на Македонија – Илинден, Организацијата Обединети Македонци од Канада ја објави програмата за неговото чествување годинава. На 1. август (сабота) со почеток во 9.30 часот ќе се одржи заупокоена литургија за паднатите борци за слободата на Македонија во МПЦ “Свети Климент Охридски“ во Торонто. Истиот ден во 11.00 часот ќе се одржи панихида за паднатите борци пред споменикот со полагање свежо цвеќе.

Бидејќи не е дозволено собирање на повеќе од 100 лица поради прогласена трета фаза на пандемијата со коронавирусот, годинава за првпат после 62 години, на 2. август нема да се одржи традиционалниот Илинденски пикник.

Организацијата Обединети Македонци од Канада се надева дека доколку се подобри состојбата со пандемијата со корона вирусот, пикникот може да се одржи на 6 септември годинава или подоцна, за што Македонците дополнително ќе бидат известени. Честит Илинден на сите Македонци во Канада и ширум светот, – порачуваат од Организацијата Обединти Македонци од Канада.

Advertisement