Интервју за Радио Слободна Европа: Ѓурѓај – Се зголемува антимакедонската кампања на Бугарија во Албанија

Бугарската амбасада во Тирана во континуитет реализира антимакедонска кампања во Албанија, но очигледно е дека поради последните тензии на Македонија и Бугарија поради блокадите на Софија за спречување на почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ, кампањата се зголемува и добива во интентензитет.

Оваа за Радио Слободна Европа го изјави политичкиот аналитичар Никола Ѓурѓај кој е главен уредник на македонскиот весник „Илинден“ кој излегува во Тирана. Тој нагласува дека Софија постојано работи Македонците во Албанија да ги прикаже како Бугари.

Последните активности на Бугарската амбасада во областа Голо Брдо со делење на новогодишни пактетчиња на ученици од страна на конзулот на Бугарија, се само продолжение на антимакедонските активности на Бугарија, вели Ѓурѓај. Ставот на Македонците во Голо Брдо и во цела Албанија е дека ваквите анктивности се недозволени.

„Македонците во Албанија секогаш биле Македонци а не Бугари“, истакнува Ѓурѓај потенцирајки дека на притисоците на Софија треба да се стави крај.

Главниот уредник на македонскиот весник „Илинден“ кој излегува во Тирана, Никола Ѓурѓај, за РСЕ ја изнесува оценката дека зголемувањето на притисоците и антимакедонската капамња деновиве во Албанија од страна Бугарската амбасада во области каде шти живеат Македонци, има за цел пред Европската унија да прикаже дека Македонци не постојат ниту во Албанија.

„Но, Софија мора да знае дека Македонците во Албанија се само Македонци а не Бугари, бидејки Бугари во Албанија никогаш не постоеле“ вели Ѓурѓај.

Македонската партија МАЕИ, македонските здруженија но и сите Македонци во Албанија никогаш нема да прифатат да бидат Бугари, додава Ѓурѓај и подвлекува дека Македонија и Албанија заслужуваат да се во ЕУ.

https://www.slobodnaevropa.mk/a/31631165.html

Кенан Мимидиноски

Advertisement