Ирачки Курдистан на 25 септември референдум за независност

За време на состанокот на политичките партии на Курдите, со кој претседаваше Масуд Барзани, претседателот на Ирачки Курдистан, е одлучено да се одржи референдум за независност. Тој ќе биде организиран на 25 септември оваа година, соопштува локалниот телевизиски канал Курдистан 24.

Гласањето ќе се одржи на сите области на Ирачки Курдистан, вклучувајќи ги и “спорните територии” меѓу курдската регионална влада и владата на Ирак. Партиите освен тоа постигнаа согласност за спроведување на парламентарни и претседателски избори на 6-ти ноемвр.

Advertisement