Ирачките Курди се подготвени да ја платат која било цена за слобода

Претседателот на регионалната Влада на Ирачки Курдистан, Масуд Барзани, изјави дека дека ирачките Курди се подготвени да ја „платат која било цена за својата слобода“. Со тоа Барзани го отфрли меѓународниот притисок да го откаже референдумот за независност на Ирачки Курдистан, што е планирано да се одржи во понеделник на 25 септември. Тој реагираше на соопштението на Советот за безбедност на ОН, во кое е изразена загриженост поради можните дестабилизирачки последици на референдумот.

Advertisement