Иранскиот духовен водач ја прогласи Албанија за непријател

Иранскиот духовен водач Али Хамнеи ја прогласи Албанија за непријател, додавајќи дека таа е „лоша европска земја која ги згрижила нивните непрјатели“. Тоа е многу мала, но многу ѓаволска европска земја, каде американските елементи соработуваат со иранските предавници и планираат против Исламската Република. И планот што тие го имаа јасно се виде, со протестите што се одржуваа во Иран, бидејќи некои од тие предавници дојдоа во Иран да протестираат. Агентите на непријателот започнаа да го спроведуваат планот за саботажа, убивање и уништување на нашата влада и нашот Устав, изјавил Хамнеи, пренесува Топ чанел. Во Албанија првата група ирански муџахедини пристигна во 2016 година според договорот со САД. Сега во т.н. град на муџахедните сместени се неколку илјади.