
Илјадници ирански Курди синоќа излегоа на улица во неколку ирански градови во знак на поддршка на референдумот за независност. На видео-снимките поставени на социјалните мрежи од страна на иранските Курди се гледа како демонстрантите пеат во знак на поддршка за ирачките Курди.
Собири за поддршка имаше во Банех, Сагхез и Санандаџ. Иранската телевизија јави за собирите, што е редок случај. Официјален Техеран референдумот во Ирачки Курдистан го оцени како „погрешно гласање во погрешно време“ и ја повтори својата поддршка за терироријалниот интегритет на Ирак.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden