Иселениците наскоро ќе можат да вадат изводи во амбасадите

 

Управата за водење на матичните книги воведе можност за вадење изводи од матичните книги во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство. Во нив граѓаните може да вадат интернационални изводи и со самото тоа нема потреба да испраќаат полномошно во Република Македонија и некој друг да вади во нивно име. Истата постапка е скратена од неколку месеци на една недела за вадење на изводите – велат оттаму. Од Министерството додаваат дека на почетокот на годинава има надградба на софтверското решение на Управата и е овозможено електронско поднесување барање за издавање на изводите. Ова решение набрзо ќе биде ставено во продукција поради соодветното тестирање на електронските потписи и воспоставувањето сервиси со овластените куќи надлежни за издавање електронски сертификати. Со тоа уште повеќе ќе се приближи услугата издавање изводи на граѓаните и таа ќе се олесни – велат од Министерството.