Иванка Трамп ќерката на американскиот претседател на САД Доналд Трамп ќе биде советник на претседателот

Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател на САД Доналд Трамп, потврди дека ќе работи во Белата куќа во улога на неплатен, неформален советник на претседателот. Јас ќе бидам вработена во канцеларија во Белата куќа како неплатен службеник и ќе ги почитувам сите етички правила и други прописи, како и сите други федерални службеници, наведе таа преку соопштение.