Избор на нов архиепископ на Албанската автокефална православна црква ќе се одржи на 16 март 2025

Светиот синод на Албанската автокефална православна црква соопштува дека изборот на новиот Архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија, кој ќе го наследи починатиот архиепископ Анастас, ќе се одржи во Втората недела од Великиот пост, на 16 март 2025 година, во Синодалниот центар, по Божествената Литургија. Изборниот процес ќе ги следи одредбите на Статутот на Автокефалната православна црква на Албанија. – стои во соопштението на Секретаријатот на Светиот Синод на Албанската автокефална православна црква.