Избран Националниот совет на Македонците во Србија

Македонското национално малцинство, заедно со останатите малцинства во Србија, вчера ги избраа членовите на новиот Национален совет. 77 од вкупно 79 верификувани електори денес ги бираа новите 23 члена на Македонскиот национален совет, на електорското собрание, кое што се одржа во Собранието на Република Србија во Белград.

Листата на актуелниот претседател на Советот Борче Величковски оствари апсолутна победа, а воедно тоа беше и единствена листа што се кандидираше, па така предложените 23 електори ќе ги имаат сите места но новиот мандат на Советот. Гласањето се одвиваше тајно, а по пребројувањето на гласачките ливчиња, од 68 присутни електори, 61 ја подржаа листата на Борче Величковски, додека 7 беа неважечки. Изборите ги спроведе Републичката изборна комисија, а истите беа набљудувани од претставници на ОБСЕ и ЕУ.

Нови членови на Советот избрани се: Борче Величковски, (Панчево), Никола Кипровски (Пландиште), Зорица Митровиќ (Белград), Благоја Соколовски (Јабука), Добре Трајковски (Јабука), Љиљана Најдовска (59, Качарево), Озрен Симјановски (Суботица), Иван Митровски (Панчево), Маре Каранфиловиќ (Лесковац), Душан Жилевски (Јабука), Пеце Ристески (Врање) Ивана Цветковиќ (Лесковац), Дарко Ристески (Вршац), Новица Дукадиновски (Панчево), Ангелина Орбовиќ (Белград), Ило Михајловски (Чачак), Предраг Коруноски (Белград), Илинка Ражнатовиќ (Белград) Благоја Илијевски (Ниш), Драгољуб Костовски (Нови Сад), Снежана Станковска (Јабука), Славе Груевски (Рудник), и Ѓорѓе Михајловски (59Јабука).

Според неофицијалните проценки, во Србија живеат над 150.000 Македонци.

Advertisement