Излезе од печат монографијата со народни носии „Од Љубанишча до Дебор“ од Љупчо Милошески

Излезе од печат монографијата со народни носии „Од Љубанишча до Дебор“ од Љупчо Милошески, монографијата, како што истакна авторот во разговор за МИА, е резултат на неговото хоби, собирање народни носии и елементи од носии од охридско – струшкиот регион, па се до Дебар.

 „Од Љубанишча до Дебор“ содржи невестински народни носии од крајот на 19 и почетокот на 20 век, од брсјачката и дебарско – реканската етнографска целина. Најголем виновник што ова дело ја виде светлината на денот е мојот ментор, кој беше и промотор, професорот Владимир Јаневски, изјави Милошески.

 

Advertisement