Изложба на Зоран Кардула во Македонскиот културно-информативен центар во Тирана

Во Македонскиот културно-информативен центар во Тирана, на 15 април беше отворена изложбата на дела од македонскиот уметник Зоран Кардула. Ова е прва изложба на Кардула во Тирана која ќе понуди 13 дела од овој уметник, графички дизајнер и сликар, предводник на генерацијата уметници чии дела се секогаш актуелни во времето.

Зоран Кардула се занимава со графички дизајн над 20 години. Учествувал на различни конкурси, меѓу кои на конкурс за дизајн на накит за „Swarovski“ и „INYO“. Победник е на постер-натпреварот на Латино-филмскиот фестивал. Во 2017 година имал изложба на постери на тема „Soviet Neo-Constructivist Propaganda“ во Минеаполис, САД. Во 2018 година во Рим ја претставил „Изложба без жири“, поставка на 40 негови дела кои биле редизајн на симболите што ја одбележале социјалистичката ера на поранешна Југославија.

Advertisement