
Амбасадата на Република Македонија во Тирана и општина Драч, заедно со Археолошки музеј Драч, ве покануваат на отворањето на изложбата „Невестински соништа“, традиционални ковчези од Битола и Битолско и „Урбани носии“. Примероците од крајот на 19 век и почетокот на 20 век од Битолско, во среда на 18 мај во 19:00 часот во просториите на Археолошкиот музеј Драч.
Изложбата е изработена во соработка со НУ Завод и Музеј Битола Македонија, Министерство за надворешни работи на Република Македонија, Министерство за култура на Република Македонија, Министерство за култура на Република Албанија, Археолошки музеј Драч, Општина Драч и Амбасадата на Република Македонија во Тирана. Автор на „Невестинските соништа“ е д-р. Мери Стојанова и на „Урбани носии“ Наде Геневска Брачиќ. Изложбата ќе биде отворена на 18 мај во 19:00 часот и ќе остане отворена до 18 јуни 2022 година.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden