Израелската армија издаде предупредување за евакуација на седум села во јужен Либан

Израелската армија денеска ги повика жителите на седум села во јужен Либан да се евакуираат пред планираните напади против проиранското движење Хезболах, и покрај прекинот на огнот.

Повеќето од селата за кои е издадено предупредувањето се наоѓаат околу градот Набатие.

Израел извршува речиси секојдневни напади во јужен Либан и покрај прекинот на огнот што стапи на сила на 17 април, а израелската армија го обвинува Хезболах дека го нарушува.