Израелската војска објави дека нападнала штаб на Хезболах во предградиe на Бејрут

Израелската војска објави дека на 27 септември го нападнала штабот на либанската милитантна група Хезболах во јужното предградие на Бејрут.

„ИДФ(војската) изврши прецизен напад врз централниот штаб на терористичката организација Хезболах“, рече портпаролот на армијата, Даниел Хагари во телевизиска изјава.

Штабот, рече тој, „служел како епицентар на теророт на Хезболах“ и „се наоѓа под станбени згради во Бејрут“.

Хезболах е милитантна група и политичка партија која контролира голем дел од јужен Либан. Соединетите Американски Држави (САД) ја прогласија за терористичка организација, додека Европската унија го стави на црната листа нејзиното вооружено крило, но не и политичката партија.

Политичката партија на Хезболах има места во либанскиот парламент.

 

Advertisement